Името Twitter нема уште долго да продолжиме да го користиме, а причина за тоа е некако ненадејната одлука на Маск да ја ребрендира оваа мрежа во X. Зошто тој смета дека не може да ја продолжи својата идеја со користење на постојниот бренд, не е јасно, па ќе видиме што ќе се случува во периодот што следи.

Сега полека го гледаме ребрендирањето на Twitter, па доколку се пребара за оваа апликација во Play Store на Android, истата веќе го носи новото име, едноставното X. Под името на апликација стои името на компанијата, која сега е наречена X Corp.

Оваа промена се’ уште не е стигната до iOS, но и на оваа платформа веќе стои компанијата X Corp. Промената на мрежата започна со промената на името на компанијата, така да оваа недела не е првпат да можеме да прочитаме за ова име.

Други делови кои исто така почнуваат да го користат новиот бренд се страните на компанијата на мрежата, па така сега веќе не е достапен Twitter профилот, а истиот е наречен X. Вакви промени почнуваат да се гледаат и на некои други страни од компанијата.

Името или можеби поточно буквата X е нешто што може да се види во сите компании од Елон Маск. X.com беше и првото име на PayPal, првата компанија која ја има основано Маск.

За Twitter, односно X, се планира да ја прошири својата работа, па поголемо значење ќе се дава и на видео содржината, а се најавува и додавање на функција за плаќање и размена на пари.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаGoogle ја прошири достапноста на Play Games на PC во повеќе земји
Следна статијаOnePlus Open ќе биде името на првиот уред на преклоп од компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.