Фото: Shutterstock.com

Twitter го зголеми ограничувањето на видеата кои корисниците на Twitter Blue претплатата можат да ги прикачат на оваа мрежа. Видеата сега можат да бидат долги до 2 часа, а зголемено е и ограничувањето на големината на датотеката која сега може да е до 8GB.

Ова е прилично големо зголемување на ограничувањето кое досега беше до 1 час за должината на видеата, како и 2GB за големината на датотеката. Максималниот квалитет на видеата се’ уште е ограничен на Full HD, односно 1080p.

Овие видеа можат да се прикачат на мрежата преку нејзината веб страна и преку iOS сега за сега, што значи дека корисниците на Android ќе мора да ги прикачуваат видеата преку својот компјутер.

Twitter изминатите месеци дава поголемо значење на видео содржината, па со овие зголемувања веќе можеме да ја гледаме мрежата и како конкурент на YouTube. Ова е посебно важно и поради цензурата која се случува не толку ретко на YouTube, а тоа посебно дојде до израз со корона кризата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Twitter
Претходна статијаКарл Пеи потврди дека Nothing Phone (2) ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1
Следна статијаApple им има забрането на вработените да го користат ChatGPT и слични други алатки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.