Фото: Shutterstock.com

Уште од самата најава на Twitter конкурентот од Meta, Threads, беше најавено дека мрежата ќе има компатибилност со ActivityPub, протоколот кој се користи од страна на децентрализираните мрежи, од кои најпозната е Mastodon.

Децентрализираните мрежи функционираат од повеќе сервери, што значи дека нема еден центар на функционирање, а компатибилните сервери можат да се поврзат едни со други.

Првата функција која ја добива Threads која оди во правец на оваа интероперабилност е можноста корисниците да ги верификуваат своите профили од Threads на нивниот Mastodon профил.

Ова е постигнато со додавање на поддршка за „rel=me“ линкови, кои во основа овозможуваат потврда дека линкот кој е поставен на профилот е на корисникот.

За во иднина се очекува дека корисниците на Threads ќе можат да ги гледаат објавите од тие на Mastodon, се разбира и обратно, па мрежата да може да функционира и со другите вакви мрежи.

Post by @mosseri
View on Threads
ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаDisney размислуваат да го ограничат споделувањето на лозинката исто како што направи Netflix
Следна статијаYouTube нема да прикажува листа со видеа на почетната страна за корисниците кои ја имаат исклучено историјата на гледање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.