today-the-interview-poster-140626_ad0512f77152d4a31f8533ede836fd41.0.0.0.0

The Interview филмот од Sony веќе ни е познат на сите. Се работи за акциона комедија во која што двајца новинари (Seth Rogen и James Franco) успеваат да договорат интервју со Kim Jong-un, лидерот на Северна Кореа. Поради уникатната можност да бидат блиску до него, CIA им ја дава задачата да го убијат и да го „спасат“ светот од него.

По претставувањето на филмот се случи сега веќе познатото хакирање на Sony, по што беа објавени повеќе филмови од оваа компанија, а беа добиени и закани дека ќе бидат објавени лични податоци од вработените во компанијата. Се разбира причината за хакирањето беше да се спречи прикажувањето на филмот кој што е насочен против лидерот на земјата.

После истрага од страна на американските власти, FBI излезе со изјава дека зад хакерските напади стои Северна Кореа. Заканите продолжија и понатаму, а тие се проширија и на закани од физички напади на кината каде што би бил прикажан филмот кој што беше закажан за овој месец.

Ефектот од случувањата и заканите резултираше со голем број на откажани прикажувања на филмот во скоро половина од кината во САД. Sony реши да го дозволи повлекувањето на претставите, односно да не ги приморува кино компаниите да се држат до договорот.

Според одредени луѓе на социјалните мрежи, се прошири тврдење дека сето ова е направено со цел да се зголеми популарноста на филмот, односно дека сето тоа што се случуваше е еден обичен маркетинг трик. Дали има шанси тоа навистина да е така, останува да видиме, меѓутоа повеќето информации покажуваат дека сепак хакерските напади се вистински.

Почнувајќи од вчера, после неколку најави, филмот е достапен за симнување и изнајмување, моментално за американските корисници. Тој може да се изнајми за 6 долари и да се купи за 15 преку YouTube Movies, Google Play Movies, Xbox Videos, како и преку страната www.seetheinterview.com.

Извор: Google, Microsoft, Engadget

Претходна статијаTim Cook прогласен за најдобар CEO од страна на CNN Money
Следна статијаFacebook сака да биде и место за видео содржина, го подобрува овој дел од Pages
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.