Изгледа дека состанокот кој го имаа Елон Маск и Тим Кук во просториите на Apple минатата недела, ги има решено сите проблеми помеѓу овие две компании. Проблемите може да се каже дека беа помеѓу Apple и Елон Маск, во главно поради можниот правец кој ќе го има Twitter по купувањето на мрежата од страна на Маск.
Според информациите, Маск за време на Twitter Spaces говор, истакнал дека Apple целосно има продолжено со рекламирање на мрежата. Исто така тој истакнал дека Apple се едни од најголемите огласувачи на мрежата, па јасно е зошто расчистувањето на проблемите со оваа компанијата беше важно за Маск.
До состанокот во Apple дојде по објавите на Маск дека Apple се заканиле дека ќе ја тргнат Twitter апликацијата од App Store, како и тоа дека тие скоро целосно прекинале со рекламирањето на мрежата.
Маск дури неколку пати ги обвини Apple дека се против слободата на говор, а тоа го тврдел врз основа на барањата за модерирање на содржината на Twitter.
По состанокот со Тим Кук, Маск изјави дека имало недоразбирање и од компанијата никогаш не размислувале за можноста да се тргне апликацијата од App Store.