Фото: Shutterstock.com

Елон Маск најави дека од 15 април само корисниците кои се верификувани ќе можат да гласаат на анкетите, а овие корисниците исто така ќе бидат единствените кои ќе се прикажуваат како предлози во For you листата на новости.

Првата реакција на оваа одлука е дека ќе направи проблем со популарноста на мрежата, но Маск тврди дека ова е единствениот реален начин со кој може да се справат со ботовите со вештачка интелигенција.

Маск потоа додава дека тој нема ништо против да има ботови на мрежата, но тие треба да ги следат нејзините правила и да не имитираат луѓе.

Главниот начин да еден профил биде верификуван сега е преку плаќање на Twitter Blur претплатата. Поточно, старите ознаки веќе нема да важат, па корисниците кои биле верификувани сега ќе треба да ја плаќаат месечната претплата.

Twitter Blue претплатата чини 8 долари месечно, односно 7 доколку се плати целата година однапред. Доколку претплатата се направи преку мобилната апликација, тогаш истата чини 11 долари месечно, поради процентот кој го земаат Apple и Google.

Оваа претплата минатата недела беше пуштена во целиот свет, што значи веќе не е ограничена само во помал број на земји. Корисниците ја добиваат сината ознака која порано значеше верификуван профил на некоја позната личност, како и можност за објава на повеќе од 280 карактери, можност за измена на објавите и слично, а со тек на време треба да има повеќе функции.

Ботовите се голем проблем на мрежата, посебно тие кои имитираат вистински луѓе, а вистинската нивна бројка беше причина зошто Маск прво го одложи, па откажа купувањето на Twitter минатата година.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаПантелеон ГС: Креиравме можности за успешна кариера со американски плати во Македонија
Следна статијаMicrosoft повторно работи на модернизирање на основата на која е направен Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.