Фото: Shutterstock.com

После блокирањето на пристапот до Facebook и Twitter, во Русија од денеска веќе не може да се пристапи ни на Instagram. Оваа одлука беше најавена минатата недела, па беше остварена соодветно.

Како главна причина за блокирањето на Instagram, што има многу помало влијание кога се во прашање политички случувања, односно воени случувања како сега во Украина, се верува дека е одлуката на Meta да дозволи повикување на насилство кон руските војници и политичари.

Според некои информации, Meta сепак ги има променето критериумите и нема да се дозволуваат ваквите објави, барем не повеќето, но одлуката во Русија останува и сигурно нема да направи разлика дури и целосно враќање на стандардните правила на Meta.

Според статистиките, во Русија има околу 60 милиони корисници на Instagram кои сега веќе нема да можат да ја користат апликацијата, а не е сигурно дали истата ќе може да се користи и преку VPN.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПо барање на Google се затвора познатата YouTube алтернатива YouTube Vanced
Следна статијаGoogle тврди дека го има најбрзиот прелистувач на macOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.