Да повториме на почеток, податоците до коишто има дојдено Cambridge Analytica во главно се на корисници од САД и уште неколку други земји во помал број. Шансите дека податоци на корисници од Македонија биле споделени се помали, меѓутоа сепак е можно, па доколку ве интересира истото сега може да го проверите.

Причината поради која Cambridge Analytica има дојдено до огромната бројка од 87 милиони корисници е начинот на кој Facebook во тоа време ги има споделувано информациите со најавените апликации или веб страни. Поточно, доколку некој ваш пријател се има најавено на некоја апликација, како на пример This Is Your Digital Life, апликацијата на професорот од Cambridge којшто ги има дадено податоците на Analytica, податоците на сите негови пријатели се споделени со таа апликацијата.

Затоа, не е важно дали вие ја имате користено конкретната апликација во овој случај, може некој ваш пријател да го има направено истото. Јас би сакал да истакнам дека овој случај доби на популарност, но не значи дека нема и други за кои немаме слушнато, па не би било лошо да ги проверите апликациите со кои се имате најавено со вашата Facebook сметка, па повеќето и да ги избришете. На овој линк може да видите и како да го направите ова.

Facebook најави дека на почетокот од листата со новости ќе истакне дали нашата сметка е дел од тие на кои им се собрани информациите, меѓутоа оваа информација се нема појавено кај сите корисници.

Затоа, доколку ве интересира оваа информација, може да ја добиете и без да чекате дали истата ќе ви се појави автоматски. Тоа може да го направите преку следниот линк, а истиот се што треба е да го отворите и да прочитате дали вашите податоци биле споделени.

Како што се гледа од сликата погоре, моите податоци не биле дел од собраните, односно никој од моите пријатели исто така не бил најавен на конкретната апликација. Проверете и вие за вашата сметка.

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаУметност на живеењето, миксологија на вкусови – 11-то државно првенство на бармени во Македонија
Следна статијаШто ако се забрани собирањето на нашите податоци?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.