Фото: Shutterstock.com

Корисниците на X, поранешна Twitter, не треба да бидат изненадени доколку од сите нив биде побарано да плаќаат претплата за да можат да ја користат оваа мрежа.

Повторно, како причина за една ваква одлука се истакнува борбата со „ботовите“, по кои мрежата е одамна позната. Трошоците за одржување на мрежа на ботови би биле значително зголемени на ваков начин, а дополнително, секој од овие профили ќе треба да има посебна сметка, затоа што не би можело да се плаќа за повеќе профили од една.

Дека во ваков правец се размислува истакна сопственикот на компанијата Елон Маск, но засега не е познато дали навистина би можело да се воведе претплата за сите корисници, а и кога би било тоа.

Не е познато ни колкава би била оваа сума, со оглед на тоа што X веќе има Premium претплата која и не е баш со ниска цена.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаПоследна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023
Следна статијаССК: Данокот на екстра профит создава несигурност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.