paypal-logo

Оваа вест сигурно ќе израдува голем број од вас кои што со години чекаат и се чудат зошто од толку земји, овој сервис никако да стане достапен во Македонија. Неколку пати до сега имаше најави дека PayPal ќе дојде во нашата земја, меѓутоа ниедна од нив не беше официјална и потоа се покажуваше како неточна.

Овој пат можете да бидете сигурни, PayPal доаѓа во Македонија заедно со 9 други земји меѓу кои се Белорусија, Камерун, Брег на Слоновата Коска, Молдавија, Црна Гора, Нигерија, Парагвај и Зимбабве. Информацијата ја објави PayPal преку својот официјален блог, преку кој што изјави дека сервисот сега е достапен во 203 земји во светот.

За почеток во овие земји, со тоа и во нашата, сервисот ќе може да се користи само за плаќање на пари на други места, додека корисниците од овие земји нема да може да примаат пари. Ова значи дека доколку имате чекано да продавате нешто на eBay на пример или имате соработка со клиенти кои што би сакале да ви плаќаат на вашата PayPal сметка, тоа се’ уште нема да можете да го правите.

За сите корисници кои што веќе имате PayPal сметка со некоја од соседните земји, во текот на неделата ќе ја обновиме оваа статија, па ќе можете да прочитате што ќе треба да направите за да вашата сметка биде од Македонија.

Извор: PayPal

Претходна статијаMicrosoft го претстави Internet Explorer Developer Channel
Следна статијаiPad Smart Cover ќе може да прикажува нотификации ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.