orkut-logo

Orkut е социјална мрежа која што повеќето од вас сигурно имаат заборавено дека постои. Направена од страна на Orkut Büyükkökten, вработен во Google, мрежата е во сопственост на компанијата. Интересно за Orkut е и покрај тоа што не успеа да стане популарна во САД, како и повеќето други земји, таа е популарна и многу користена и до денес во Бразил и Индија.

Сепак со развојот на Google+ мрежата, а како што во својот блог од компанијата истакнуваат и YouTube и Blogger, веќе одамна се очекуваше денот кога Google ќе го најави гаснењето на Orkut. Почнувајќи од денес, на социјалната мрежа нови корисници нема да може да креираат нови сметки, а постојните ќе може да продолжат да ја користат до крајот на Септември оваа година. После оваа дата никој нема да има пристап до сметките, односно социјалната мрежа ќе биде официјално исклучена за сите.

Постојните корисници можат да ги мигрираат своите слики и податоци на Google+ до Септември, а потоа ќе имаат можност за симнување на податоците преку Google Takeout алатката до Септември 2016 година.

Во нашата држава сметаме дека првото место сигурно го има Facebook, па нема многу корисници кои што ќе бидат засегнати од оваа одлука. Дали сепак некој од вас има активна сметка на Orkut која што ја користи како примарна социјална мрежа ?

Извор: Engadget, Orkut

Претходна статијаНови информации за наредната верзија на Windows
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy S5 mini, ги вклучува новите сензори од поголемиот модел
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.