Shutterstock.com

Facebook повторно е во вестите поради информација дека податоци од корисниците на мрежата е објавена онлајн и достапна да ја симне кој сака.

Дата база со телефонски броеви, имиња и кориснички идентификации на 267 милиони Facebook корисници е пронајдена од страна на Comparitech во соработка со безбедносниот истражувач Боб Диаченко. Тие истакнуваат дека овие информации може да се искористат за SMS спамирање, меѓутоа тоа е само најмалку лошата варијанта.

Хостинг операторот каде била пронајдена дата базата бил информиран, а истата не била заштитена на никаков начин, што значи дека кој сакал можел да ја симне. Според информациите, оваа дата база била достапна и на одредени хакерски форуми, што значи дека тргањето на истата од серверите каде е пронајдена веќе било касно.

Не е точно познато како е дојдено до овие информации за корисничките сметки на корисниците на Facebook. Се верува дека тоа е можно да е направено пред 2018, кога телефонските броеви им биле достапни на програмерите кои ја користат Facebook API алатката.

Исто така се верува дека до податоците може да е дојдено и преку профилите кои се јавно достапни, поради што на корисниците им се препорачува да ја исклучат нивната достапност преку интернет пребарувачите, нешто што може лесно да се направи преку прилагодувањата на Facebook во делот за приватност.

Поради доволно честата појава на вакви ситуации, Facebook многу подобро ги штити податоците на своите корисници, но од ова се гледа што се било можно преку оваа мрежа која ја користи третина од светското население.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПрви впечатоци од трејлерот за Tenet
Следна статијаЛинкови за geek-ови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.