Facebook минатата година најави промена на корисничкиот интерфејс на нивната страна на десктоп. Новиот изглед на мрежата е направен да биде скоро ист како мобилната апликација, секако прилагоден за различниот формат, а тука е и темната тема која е многу популарна изминатите години.

Новиот дизајн почна да им се пушта на одредени корисници како тест уште од крајот на минатата година, а истото продолжи во поголемо темпо од крајот на јануари.

Сега новиот дизајн е спремен да им биде пуштен на сите корисници, па од оваа недела тој почнува да им е достапен на сите корисници во светот. Пуштањето сепак ќе биде постепено, односно корисниците во периодот што следи ќе почнат да ја гледаат можноста да се префрлат на новиот дизајн.

Тоа е и уште една информација поврзана со пуштањето на новиот изглед на Facebook. Корисниците ќе треба да го вклучат, односно нема да им биде автоматски пуштен. Вклучувањето се прави со притискање на стрелката за прилагодувања каде што ќе биде видлива можноста.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаNetflix и YouTube ќе го намалат квалитетот на видео содржината во Европа
Следна статијаНајбрзиот суперкомпјутер во светот ги покажа првите резултати во борбата со COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.