Meta оваа недела пушти нова функција која треба да ги намали критиките кои ги добива нивната Instagram мрежа, поточно критиките насочени кон тоа дека оваа мрежа не е баш добра за менталното здравје на малолетните и младите корисници.

Family Center е новата функција со која на родителите ќе им се даде можност за поголема контрола на искуството кое нивните деца го имаат на Instagram преку едно централизирано место.

Овој дел од апликацијата ќе има и дел наменет за помош на родителите за тоа како да разговараат со нивните деца за друштвените мрежи и слично, а овој дел е направен со помош наводно на експерти.

Family Center за почеток ќе им биде достапен на корисниците во САД, а се најавува целосно пуштање во целиот свет во месеците што следат.

Родителите преку овој „центар“ ќе можат да го следат времето поминато на апликацијата од страна на нивните малолетни деца и да постават ограничувања на истото. Доколку нивните деца пријават некоја сметка и тоа сакаат да го споделат со нив, тоа ќе може да го видат преку Family Center, а исто така родителите ќе имаат и целосен пристап до листата на пријатели на децата, односно кои сметки ги следат и од кои сметки се следени.

За во иднина се најавува додавање на можност за поставување на ограничувања во кои часови точно децата ќе можат да ја користат апликацијата, а исто така ќе се додаде можност за повеќе родители, односно старатели да можат да го користат Family Center за своите деца.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаПознатата филмска компанија MGM официјално стана дел од Amazon
Следна статијаАпликациите во Android 13 ќе мора да бараат дозвола од корисникот за да прикажуваат известувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.