Instagram продолжува со проширување на достапноста на моментално еден од двата најпопуларни формати на објава на оваа мрежа, Reels. Овој формат на кратки видеа, кој беше популаризиран на TikTok, единствено му конкурираат приказните, односно Stories.

Корисниците сега ќе можат да го користат Reels форматот при одговарање на коментари, односно наместо со текст или некој стикер, да одговорат со Reels видео.

Од Instagram истакнуваат дека коментарот на кој е одговорено со Reels ќе стане дел од тоа видео како стикер, со што ќе се знае дека се работи за одговор, а и на кој коментар.

Како што се гледа и од примерот на сликата, на некои прашања најдобро може да се одговори со пример, односно со директно прикажување на видео, наместо со објаснување со текст.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаПразнична магија го осветли Ист Гејт Мол
Следна статија„Макпетрол“: Граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на „Фејсбук“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.