Фото: Shutterstock.com

X минатата недела најавија дека планираат да започнат со споделување на заработката од рекламите со креаторите на мрежата. Со тоа се потврди една од најавите за развојот на X во мрежа која ќе биде повеќе од тоа што беше Twitter.

Маск во една од објавите за оваа новина најави дека ќе разговара со Тим Кук, директорот на Apple, од кого ќе побара да компанијата се откаже од процентот кој го зема од наплатата која оди преку апликациите.

Конкретно, Маск истакна дека би побарал Apple да се откаже од 30-те проценти кој ги зема само во ситуациите кога тие пари треба да одат кон креаторите. Со тоа треба да останат повеќе пари за креаторите кои ќе бидат исплатувани преку X.

Мали се шансите дека Кук би се сложил на нешто вакво. Apple со години се критикувани за висината на процентот кој го земаат, па пуштањето на исклучок за една компанија ќе отвори доста проблеми за нив.

Apple веќе направи исклучок за X, но само за името на мрежата кое сега смее да биде какво што е во App Store. Проблем се јави поради правилата на Apple за бројот на карактери кои мора да ги има името на апликацијата за да може да биде додадена во App Store.

Можеби мотивиран од овој исклучок, Маск верува дека ќе може да договори и дополнителни исклучоци за неговата компанија.

ИЗВОРiMore
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаOnePlus Open сепак ќе биде направен во стилот на Oppo Find N
Следна статијаMicrosoft тестира можност за зачувување на слики од сите страни кои ги отвора корисникот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.