Shutterstock.com

Instagram за крајот на оваа година најави неколку новини, како на пример можноста за одговарање на коментари со Reels, а исто така овозможи и профилите на корисниците да може да се постават на веб страните.

За жал втората новина е достапна само за корисниците во САД, но се надеваме дека ќе биде овозможена и за останатите, со оглед на тоа дека се работи за доста корисна можност.

Досега корисниците можеа да „вградат“ (embed) слика или видео од Instagram на било која веб страна, па таа содржина да се појави директно на страната, наместо да мора да се стави само линк до истата.

Новата можност во основа е проширување на оваа можност, па покрај слики и видеа, сега корисниците ќе можат да го вградат својот профил на некоја веб страна и тој да се гледа директно од неа.

Вградената верзија од профилот е мини верзија, што значи дека не се вградува целосниот поглед како од апликацијата, но доволно за да може да се види што е тоа што го објавува корисникот.

Оваа нова можност е замислена и одлично ќе им се погоди на корисниците кои имаат блогови или слични страни каде би можеле да го промовираат својот Instagram профил. Исто така, ова е одличен начин да се промовира профилот на трети страници.  

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаУспешно реализирана деветтата студентска конференција – СКЕЕОР, посветена на трендовите во енергетиката
Следна статијаИновативните алатки за потранспарентни општини во земјава меѓу глобалните победници на Партнерство за отворена власт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.