Фото: Shutterstock.com

Алтернативите на Twitter не почнаа да се појавуваат по купувањето на мрежата од страна на Елон Маск, но тие дефинитивно станаа повеќе популарни. По најавата дека поранешниот ко-основач и директор на Twitter, Џек Дорси, ја пушта својата нова апликација Bluesky, сега излегоа информации дека со своја алтернатива ќе излезе и Meta.

Информациите ги објавуваат Platformer и MoneyControl, а од Meta за нив ги потврдија информациите, но сепак останува непознато дали апликацијата веќе е во развој или се’ уште е во фаза на планирање.

„Истражуваме самостојна децентрализирана социјална мрежа за споделување текстуални објави. Веруваме дека постои можност за посебен простор каде креаторите и јавните личности можат да споделуваат навремени објави за нивните интереси.“ – истакнуваат од Meta.

Тоа што е познато е дека Twitter алтернативата од Meta ќе биде направена на основа на протоколот за друштвени мрежи ActivityPub, на кој е направена Mastodon. Дали ова значи дека корисниците од двете апликации ќе може да се следат, не е познато, но познато е дека апликацијата од Meta исто така ќе биде децентрализирана.

Повеќето алтернативи на Twitter во основа се децентрализирани, односно овој вид на друштвени мрежи се обидува да се пробие како подобра алтернатива. Децентрализираноста на овие мрежи значи дека нема едно место од каде се модерираат објавите, па корисниците можат да креираат сопствени сервери и да поставуваат посебни правила за објава и слично.

Замислата е да на овој начин се направи заштита од цензура, но нас ни изгледа дека се што ќе се постигне е да постојат поголем број на цензори, а и доста поголемо создавање на таканаречениот „информациски меур“.

Кодното име на апликацијата од Meta е P92 и истата ќе биде направена со користење на брендот на Instagram. Корисниците ќе можат да се најават со својата Instagram сметка, доколку ја имаат и ќе бидат повлечени нивото име, опис и слика.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаДоделени наградите за е-трговија за 2022 година,
погледнете кои се победниците
Следна статијаСо DuckAssist, DuckDuckGo се приклучува на трендот на користење „генеративна“ вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.