Тогашен Facebook, ја купи познатата компанија GIPHY за сума која не беше истакната, но се верува дека е некаде од 300-400 милиони долари. Со ова Facebook доби контрола над најпознатата платформа за интересни анимирани слики, GIF, кои се користат на сите нивни апликации.

Сепак, година дена подоцна британското CMA заклучи дека компанијата треба да биде продадена поради можноста Facebook да го ограничи пристапот до GIPHY на останатите платформи, можноста за искористување на информациите кои ги влече API алатката, како и намалување на конкуренцијата во рекламниот бизнис.

Минатата година оваа одлука беше потврдена, по поднесената жалба од страна на Meta, па од компанијата останаа без избор.

Новиот сопственик на GIPHY е познатиот сервис за слики Shutterstock, кој ја купи компанијата од Meta за 53 милиони долари. Ова е огромен „попуст“ во споредба со сумата која се верува дека ја имаат платено, тогаш Facebook, а нема информации дали во меѓувреме тие имаат заработено нешто на основа на оваа компанија.

Од Shutterstock истакнуваат дека тие сега ќе имаат понуда која не е само поврзана со маркетинг и бизнис. Најавата за договорот беше објавена на Twitter со интересна GIF слика.

„Shutterstock е во бизнисот да им помага на луѓето и брендовите да ги кажат своите приказни. Преку аквизицијата на GIPHY, ги прошируваме точките на допир на нашата публика надвор од првенствено професионалните случаи за употреба на маркетинг и рекламирање и се прошируваме во секојдневни разговори. GIPHY им овозможува на секојдневните корисници да се изразат на незаборавни начини со GIF и „стикери“, а исто така им овозможува на брендовите да бидат дел од овие секојдневни разговори.“ – истакна Пол Хенеси, главниот директор на Shutterstock.

Според договорот за продажба, GIF сликите ќе продолжат да бидат достапни на платформите од Meta, односно за корисниците на Facebook, Instagram и WhatsApp.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаChatGPT ќе почне да функционира со Bing Search
Следна статијаЛинијата на Samsung 2023 телевизори ги импресионира рецензентите со исклучителен квалитет на сликата и импресивен звук
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.