Фото: Shutterstock.com

Twitter дефинитивно има проблеми по промената на сопственикот, а дел од тие проблеми произлегуваат од притисокот кој некои компании сакаат да го направат врз Маск во правец на промената на политиката на мрежата.

Една од тие компании е и Apple, кои според Маск се заканиле дека ќе ја тргнат апликацијата од продавницата за апликации, а за тоа немаат дадено објаснување зошто.

Маск веќе објави дека очекува вакви случувања, а доколку Twitter биде тргнат од App Store и Play Store, тој рече дека е спремен да направи сопствен смартфон.

Тоа колку и да звучи интересно за некои, сепак не би било решение доколку дојде до поголеми проблеми, а Twitter ќе треба да чека години додека новиот смартфон добие доволно корисници, нешто што никогаш не може да биде доволно како бројка.

Се верува дека Apple, а ова не би било ни првпат, имаат проблем со одредена содржина која е објавена на мрежата. Од компанијата имаат до толку затворен и контролиран концепт што се зема во предвид и што се објавува на вакви апликации.

Сега за сега не веруваме дека ќе дојде до тргање на Twitter од двете најмногу користени продавници за апликации, но дефинитивно се гледа притисокот кој се врши врз Маск, а како дел од причините за тоа може да е и неговата најава дека ќе објави датотеки од мрежата кои го покажуваат задушувањето на слободата на говор.  

Претходна статијаНов и понапреден сензор за камерата од Sony ќе се користи кај iPhone 15 серијата идната година
Следна статијаГенетски модификувано растение овозможува прочистување на воздухот во домовите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.