Activity stream image2

Корисниците на Google Drive сигурно се запознаени со можноста за „соработка“ помеѓу повеќе корисници. Оваа соработка подразбира споделување на еден фајл или папка со повеќе корисници, кој што потоа работат на нив во исто време. Промените направени се веднаш достапни за сите приклучени корисници, како и за тие што покасно ќе го вклучат фајлот. Доколку ова е функција која што редовно ја користите со повеќе соработници и претставува клучен фактор во ефикасноста на вашето работење, проверката и следењето на сите направени промени во фајловите и папките може да претставува обемна работа.

Со цел следењето на направените промени на фајловите и папките кои што се споделени, Google воведе нова функција во форма на листа на сите направени промени, на речена Листа на активности (Activity stream). Листата ги содржи сите направени промени, а можете да гледате промени и за секоја папка или фајл посебно. Листата на активности ги прикажува следниот вид на промени:

  • Преместување и отстранување
  • Промена на името
  • Прикачување
  • Споделување и исклучување на споделувањето
  • Промени и коментари

Исто така веќе е воведена промена во начинот на работа со споделените папки. Се работи за ново Drop down мени кое овозможува побрз пристап до командите како, преименување, споделување, организирање и слично. До новото мени може да се пристапи со притискање на секоја од споделените папки. До секој од овие папки може да видите и слики на секој што има пристап до таа папка, односно до сите соработници.

Извор: Google

Претходна статијаIntel претстави компјутер со големина на SD картичка
Следна статијаLG G2 – еден од најдобрите Android телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.