473860604

Веќе сме ве известувале за Kickstarter проекти кои пропаѓале. За жал и тоа понекогаш мора да се случи. Нереално би било да очекуваме дека секој проект совршено ќе се оствари како што замислиле неговите творци.

Нормално, одлично би било доколку би можеле да дознаеме колкав процент од проектите пропаѓаат, па истражувачите се погрижија да ни ја остварат оваа желба.

Според една студија која е нарачана од Kickstarter, но без нивен значаен придонес кон методологијата или емпириката, околу 9% од проектите на оваа платформа пропаѓаат. Интервјуираните изјавиле дека во 65% од случаите навремено го добиле нарачаниот производ кој ги имал очекуваните карактеристики.

Процентот на пропаднати проекти воопшто не ни изгледа многу и е сосема реален. Сепак, постојат други негативни појави поврзани со овие проекти, а тоа е дека само 13% од авторите на пропаднатите проекти ги враќаат парите кои ги земале во кампањата и само 15 – 20% ја прикажале ситуацијата на правилниот начин, со искрено прифаќање одговорност.

Инаку сите проекти имале слични шанси за пропаѓање, па нема разлика дали се работи за проект кој ветува нова технологија или производ или филмови и музика.

Значи шансите да пропадне некој проект во кој сте вложиле е околу една десетина – реални шанси, но прилично небитни бидејќи светот да беше посигурен од овој процент ќе беше едно многу досадно место (а веројатно немаше ни ние да постоиме). Студијата покажува дека не постои системски проблем со платформата туку си функционира како што треба во еден релативно непредвидлив свет.

Извор: DigitalTrends, Engadget, The Verge

Претходна статијаКинески пронаоѓач измисли против земјотресен кревет
Следна статијаНов фотонски процесор работи со помош на светлина, има 10 до 50 пати побрз трансфер