Explore делот од Instagram месечно го прегледуваат повеќе од половина од корисниците на оваа мрежа, според информациите од Instagram. Овие корисници доаѓаат во овој дел со цел да откријат нова и интересна содржина која би сакале да ја гледаат, покрај таа која веќе решиле да ја следат.

Кога ќе се земе во предвид дека Instagram има огромна бројка на корисници кои во текот на месецот објавуваат повеќе милијарди слики и видеа, одлуката за тоа што на секој корисник посебно да му биде прикажано во Explore делот е сигурно скоро невозможна задача, а посебно доколку не постоеше помошта од машинското учење.

Instagram објави прилично детална и техничка статија во која објаснува како тие со помош на машинското учење одлучуваат што на секој корисник ќе му биде прикажано во овој дел со цел корисниците да дојдат со содржината која на нив навистина им се допаѓа.

Во кратки црти, односно сумирано, Instagram открива кои се профилите кои се блиски до интересите на корисниците, наместо тоа да го прави за секоја посебна објава. Врз основа на ова тие одлучуваат што да му биде прикажано на корисникот.

Зависно од тоа што корисникот има лајкувано, зачувано и слично, потоа машинското учење го поврзува со профилите кои се блиски до тие интереси. Се што останува до прикажувањето е да се провери дали тие профили имаат објави кои се лажни, повикуваат на насилство и слично, по што може да му бидат прикажани на корисникот.

Користењето на машинско учење, односно алгоритми, често е предмет на критика од повеќе страни. Тоа е така поради тоа што на корисниците им се сервира содржина која е многу блиска до нивните интереси и начин на размислување, со што тие корисниците се изолирани од било што друго. Со тоа тие ги засилуваат нивните верувања и ставови, без разлика дали се точни или не, гледајќи само содржина која се служува со нив.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаРСБСП со совети: Внимавајте на влажните коловози
Следна статијаНова празнична понуда за остварување на сите желби
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.