Главниот на Instagram во Meta, Адам Мосери, најави дека корисниците ја добиваат можноста да ги симнат Reels видеата кои се јавно објавени. Симнувањето се прави на телефонот од корисникот, како и било која друга датотека, па со нив ќе може да се прави што се сака.

Симнатите видеа ќе ја носат ознаката од Instagram, како и профилот од кој се симнати, па со тоа ќе има одредена заштита за креаторите кои сигурно би сакале да бидат препознаени за својата работа.

Оваа новина беше пуштена пред неколку месеци во САД, па сега им станува достапна на сите корисници. Како и обично, доколку не ја гледате веднаш, истата ќе ви стане достапна во деновите што следат.

Симнувањето на Reels се прави преку „Share“ копчето, каде сега е додадена можноста за симнување.

Креаторите кои имаат јавни профили, но сепак не би сакале корисниците да можат да ги симнуваат нивните Reels видеа, можат да ја исклучат оваа можност во прилагодувањата на апликацијата.

Доколку во видеото има музика која е лиценцирана, истата ќе биде автоматски тргната пред да се симне видеото.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаУспешноста на „Cobra Kai“ серијата ни носи нов „Karate Kid“ филм во кој ќе глумат Ралф Макио и Џеки Чен
Следна статијаBlack Friday распродажба во Смартус Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.