Фото: Shutterstock.com

Ирската Комисија за заштита на податоци, која е надлежна во ЕУ за работата на TikTok, ја казни ByteDance со 530 милиони евра за прекршување на GDPR законот. 

Истрагата која сега заврши со казна е започнат пред неколку години, а се однесува на делот на чување и пренесување на податоците од корисниците во Европската економска област во други земји. 

Во овој случај секако се работи за пренесување на податоци во Кина, но интересното е што од Комисијата не ја обвинуваат ByteDance, сопственикот на TikTok, за злоупотреба на податоците или нивно давање на кинеските власти. 

GDPR законот поставува строги правила за тоа како можат да се пренесат податоците од корисниците во други земји и во основа тоа зависи од законите и правилата во другите земји. Таму каде што заштита на податоците и приватноста на корисниците е на ниво како во ЕУ, пренесувањето на податоците се дозволува со посебен исклучок. 

Од Комисијата истакнуваат дека од ByteDance самите истакнуваат неколку закони во Кина врз основа на кои може да се добие пристап до податоците, но од компанијата немаат добиено барање од властите досега. 

Казната од 530 милиони евра е изречена поради тоа што ByteDance ги има пренесено податоците во Кина, иако тие не успеале да докажат дека нивната заштита таму е на исто ниво како во ЕУ. 

Со тоа ByteDance ги немаат заштитено податоците од можен пристап од кинеските власти, а се истакнуваат и законите против тероризам во Кина, како и тие за контра-шпионажа и другите закони. 

Од TikТок најавуваат жалба на одлуката на Комисијата и истакнуваат дека при донесувањето на истата воопшто не се земени во предвид мерките кои компанијата ги има имплементирано од 2023 година за заштита на податоците. 

Ваквата одлука на Комисијата воопшто не изненадува, а познати се проблемите кои ги имаат од TikTok поради огромниот број на корисници во светот, како и фактот дека се од Кина. 

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаМоќта на иднината: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила
Следна статијаApple можно е да претставува нови iPhone модели два пати годишно, наместо еднаш како сега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.