close up photography of smartphone
Photo by freestocks.org on Pexels.com

Instagram ќе почне да води поголема грижа за тоа кој се’ е дел од нивната мрежа и какво влијание прави тоа. Конкретно, целата е да се откријат сметките од ботови, како и од групи на влијанија кои организирано објавуваат лажни вести со цел влијание на изборни процеси, на пример.

Начинот на којшто Instagram ќе почне да се справува со ваквите сметки е преку барање на дополнителна идентификации од одредени сметки, односно барање за прикачување на официјално издаден документ за лична идентификација.

Доколку некои од сметките одбијат да се идентификуваат, приоритетот на нивната содржина ќе биде намален, а исто така може да бидат избришани.

Од Instagram истакнуваат дека личните документи ќе бидат чувани до 30 денови, по што ќе бидат избришани, а истите нема да бидат споделувани со никого.

Вниманието на Instagram да побара дополнителна идентификација може да биде привлечено од сметки кои прикажуваат неавтентично или координирано неавтентично однесување, како и сметки чии следбеници во главно се на различна локација од самата сметка. Исто така, сметки кои покажуваат знаци на автоматизирано однесување, односно сметки креирани од страна на ботови.

Сето ова сега се воведува најверојатно поради изборите кои треба да се одржат во САД до крајот на годината, а Facebook веќе има огромни критики за тоа како беше искористена нивната мрежа за изборите во 2016.

ИЗВОРInstagram
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаФИТР: 123 домашни компании влегоа во финална фаза на јавниот повик за брзо прилагодување во борба против Ковид 19 – во подготовка е следен повик за иста ваква поддршка
Следна статијаГледајте го официјалното претставување на Surface Duo од страна на одличниот Панос Панај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.