Фото: Shutterstock.com

Instagram воведува неколку новини во прилично голема надградба на апликацијата која започна како мрежа за споделување на слики. Овие неколку новини се тука да го подобрат корисничкото искуство, но и да ја задржат конкурентноста на апликацијата на пазарот каде се појавуваат нови популарни мрежи.

Веќе се научивме да гледаме новини кои доаѓаат како одговор на TikTok, а сега една од новите функции е тука како одговор на новата и популарна апликација BeReal.

Одговорот на Instagram на оваа нова апликација е наречен Candid Stories. Овој нов формат на „приказните“ ќе им се прикажува само на корисниците кои исто така објавуваат вакви приказни, односно не на сите. Објавата на Candid Stories се прави со користење на двете камери и има за цел корисниците да покажат што прават во моментот.

Можеме да видиме како и овој формат на објави ќе стане популарен, па ја чекаме оваа нова функција да биде пуштена за сите корисници, а во овој момент е во фаза на тестирање.

Друга новина која исто така е доста интересна е Notes. Instagram повеќе месеци ја тестира оваа функција, а можевме да ја видиме во септември. Од оваа недела „белешките“ им стануваат достапни на сите корисници, а веќе можеби имате забележано како вашите пријатели ги користат.

Notes се кратки објави до 60 карактери кои можат да содржат само текст и емоџи икони. Корисниците можат да изберат дали „белешката“ сакаат да ја објават на корисниците со кои се следат или само на блиските пријатели.

По објавата на белешката, истата ќе им биде прикажана на пријателите во делот за пораки, а како и приказните, има рок од 24 часа. Одговорите на белешките се добиваат како стандардните пораки.

Instagram претстави уште една новина наречена Group Profiles која треба да биде пуштена наскоро. Со оваа новина корисниците ќе можат да креираат групи со пријателите со посебни објави и приказни. Се што се објавува во овие групи ќе им биде достапно само на членовите на групата, а корисниците дури ќе имаат и посебен профил со објави кои нема да можат да го видат останатите корисници.

Како додаток на оваа новина, од Instagram тестираат и можност за зачувување на објави во посебна колекција која ќе можат да ја видат корисниците на групата или посебно со еден корисник. Collaborative Collections може да почне да се користи со зачувување на некоја објава или споделување на истата преку порака.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаApple ги пушти iOS и iPadOS 16.2, како и watchOS 9.2 и macOS 13.1
Следна статијаApple од идната година треба да дозволи инсталирање на апликации надвор од App Store во ЕУ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.