По воведувањето на TikTok „клонот“, како што обично ги нарекуваат Reels видеата на Instagram, јасно стана дека нема ништо да биде со претходно амбициозниот проект IGTV, кој може да се каже дека беше нешто слично пред претставувањето на TikTok.

Од Meta прво го тргнаа IGTV копчето во Instagram, а потоа се откажаа и од брендот на тој видео формат, спојувајќи го со „обичните“ видеа на мрежата кои сега заедно се едноставно наречени Instagram Video.

Може слободно да се каже дека тоа беше добра одлука од компанијата, па сега е едноставно да се направи разлика помеѓу двата формати на видео содржина, Instagram Videos и Instagram Reels.

Сега од компанијата најавија дека целосно ја тргаат поддршката за посебната IGTV апликација, а истата ќе биде и тргната од продавниците за апликации во периодот што следи. Корисниците видео содржината на Instagram мрежата треба да ја гледаат само на Instagram апликацијата.

Instagram Video форматот почесто се користи од обичните корисници кои сакаат да објават нешто од некој настан на пример или од одмор, додека повеќе популарните Reels видеа се користат од страна на повеќе „креативните“ корисници.

Корисниците кои официјално се занимаваат со објава на Reels видеа можат да очекуваат олеснување на начините за заработка преку мрежата. Се планира и воведување на реклами кои ќе се прикажуваат на видеата, а креаторите ќе добиваат процент од приходите од истите.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Instagram
Претходна статијаInstagram уште не планира да направи посебна iPad верзија од нивната апликација
Следна статијаИТ настан: The Big Data, the Machine Learning and the Cloud
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.