Фото: Shutterstock.com

Растот на популарноста на Instagram, а посебно кај помладите корисници, е очигледен веќе со години. Корисниците се повеќе се одлучуваат за друштвена мрежа каде се споделуваат само слики и кратки видеа, наместо статии, текстови и слично.

Instagram ја достигна бројката од 1 милијарди корисници во 2018, осум години по почетокот со работа, а сега таа бројка е дуплирана и ја има надминато границата од 2 милијарди корисници.

Оваа информација сепак не е официјално објавена од страна на Instagram, односно Meta, па не е познато дали е навистина точна.

Информацијата ја даваат вработени во компанијата до CNBC кои побарале да останат анонимни. Според нив, границата од 2 милијарди корисници е надмината уште во октомври, недела дена пред промената на името на мајката компанија, Facebook во Meta.

За потсетување, Meta, односно тогаш Facebook, ја купи Instagram во 2012 за 1 милијарди долари.

Сигурно е чудно зошто од Meta не би се пофалиле веднаш со оваа информација. Нивната втора друштвена мрежа за само три години го дуплира бројот на корисници и покрај големата конкуренција од TikTok, од каде доаѓаат и повеќето нови функции на Instagram.

Се верува дека причината за „ќутењето“ од страна на Instagram и Meta генерално, е периодот на критики, а посебно од организациите кои тврдат дека оваа друштвена мрежа не е добра за помладите.

Како и да е, TikTok продолжува да биде сериозна конкуренција на Instagram, а бројките покажуваат дека и двете мрежи продолжуваат да функционираат одлично.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаUber ќе почне да тестира достава на храна со автономни возила
Следна статијаSamsung го претстави новиот Galaxy Tab A8: Поголем екран, поголема моќност и повеќе перформанси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.