Shutterstock.com

Во април беше пуштена неофицијалната информација дека Instagram планира да направи тест којшто ќе го тргне бројот на лајкови од објавите на корисниците. Ова потоа се покажа како точно, почнувајќи го тестот прво во Канада.

Сега овој тест се прави на вкупно 7 земји, а тие ги вклучуваат следните: Австралија, Бразил, Канада, Ирска, Италија, Јапонија и Нов Зеланд. Доколку корисниците подобро реагираат на оваа промена, големи се шансите да сите корисници веќе не можат да го гледаат бројот на лајкови кај објавите.

За појаснување, тој што ја има направено објавата, ќе може да види колку луѓе ја имаат лајкнато истата, меѓутоа таа бројка веќе нема да биде прикажана за останатите корисници. Тие наместо тоа, ќе можат да видат неколку имиња кои ја лајкнале објавата, обично нивните пријатели, како што е и сега, а наместо бројката, ќе стои „и други“.

Целта на оваа промена е да се зголеми вниманието на сликите и видеата кои се објавуваат, наместо на бројот на лајкови кои една објава ги има. Со оглед на фактот колку бројот на лајкови стана важен за многу луѓе изминатите години, ова може и не е лоша идеја.

Доста истражувања покажуваат дека друштвените мрежи се голем извор на депресија, анксиозност, завидување и слично. Криењето на бројката на лајкови ќе го пренесе вниманието повеќе на објавите, наместо на „натпреварот“ за тоа дали некој е повеќе и доволно популарен.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаVip го отвори реновираниот продажен салон во Штип
Следна статијаНова сервисна кампања „Повеќе грижи за вас“ на Huawei во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.