За големата популарност на Instagram најверојатно на никого нема потреба да му се објаснува. Веќе неколку години читаме за забрзаниот раст на бројот на корисници, а тоа значително се истакна во изминатата година.

На настанот кој Instagram го одржа вчера во Сан Франциско, каде ја претстави својата нова апликација за видеа, IGTV, од компанијата објавија дека друштвената мрежа ја има достигнато бројката од 1 милијарда активни корисници во месецот.

Со оглед на тоа колку често гледаме претставување на новини или надградување на постојните функции, може да претпоставиме дека Instagram ќе продолжи со зголемување на својата бројка на корисници.

Кога на сето ова ќе се додаде дека постои одредена заситеност кај корисниците за користење на Facebook, а младите корисниците и поретко се одлучуваат за оваа мрежа како нивна главна, уште повеќе можеме да очекуваме да расте популарноста на Instagram.

Претходна статијаInstagram ја претстави IGTV, нова апликација за гледање на видеа
Следна статијаFacebook започна со тестирање на групи со месечна претплата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.