Instagram се приклучува во друштвото на социјални мрежи кои имаат доволно голема бројка на корисници, поради што воведува алгоритам за избор на тоа кои објави ќе ги прикаже први во листата.

Од Instagram истакнуваат дека статистиките покажуваат дека корисниците пропуштаат дури 70% од објавите на нивните листи со новости поради огромниот број на содржина којашто се објавува денес. Поради тоа корисниците не успеваат да видат се што им е важно.

Воведувањето на алгоритам ќе овозможи да објавите кои се прикажуваат во листата со новости не се прикажува хронолошки, туку според важноста одредена според интеракцијата со корисникот, популарноста, вештачка интелигенција и слично.

За почеток алгоритамот ќе биде пуштен само кај помала бројка на корисници за негово тестирање, по што може да се очекува кај сите корисници.

Корисниците обично негативно реагираат на новостите за воведување на алгоритам, меѓутоа ретко кој успева да ги види сите новости коишто ги објавуваат неговите пријатели и страни кои ги следи. Алгоритамот учи што е тоа што сака да го гледа корисникот, па соодветно на тоа постарите објави кои можеби не би стигнал да ги види, ги става погоре во листата.

Алгоритам за својата листа на новости воведе и Twitter минатиот месец, а очекувано корисниците не беа задоволни.

Извор: Instagram, The Verge, NYTimes

Претходна статијаСтудија вели дека Facebook поттикнува симптоми слични на зависност од наркотици
Следна статијаSamsung има нови 4D слушалки кои ќе овозможат да почувствувате движење во виртуелната реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.