PC Mag

Почнувајќи од денес, Facebook ќе не информира нас корисниците за тоа дали нашите податоци биле дел од тие на 87-те милиони корисници собрани од страна на Cambridge Analytica. Информацијата ќе биде истакната на почетокот на листата со новости и секој ќе може да ја забележи. Без разлика дали нашата сметка била или не дел од групата, Facebook ќе не информира за случајот.

Доколку некоја сметка била дел од собраните, корисникот на истата може да ја очекува следната порака:

„Ја разбираме важноста на тоа да ги зачуваме вашите податоци сигурни. Ја забранивме страната „This Is Your Digital Life” на која еден од вашите пријатели го има користено Facebook за да се најави. Го направивме тоа затоа што страната можеби ги има злоупотребено некои од вашите Facebook информации споделувајќи ги со компанијата Cambridge Analytica“

Доколку вашата сметка не била дел од тие чии информации се собрани, повторно ќе ви биде прикажана слична порака на врвот од листата со новости, порака која ќе ви препорача да ги проверите апликациите на кои се имате најавено со Facebook и да ги тргнете тие кои не ги користите.

Нас се’ уште ни се нема појавено оваа информација, а со оглед на фактот што повеќето засегнати корисници се од САД, веруваме дека тие ќе бидат првите на кои ќе им биде прикажувана.

Инаку, чисто за потсетување, Cambridge Analytica има дојдено до информации за повеќе од 80 милиони корисници. Истите се добиени од страна на професор од Cambridge универзитетот, нешто што тој сепак не требало да го направи. Професорот доаѓа до информациите преку креирање на Facebook апликација (This Is Your Digital Life) на која се најавуваат само 270.000 корисници. Поради начинот на функционирање на Facebook во тоа време, професорот со апликацијата им добиено пристап и до пријателите на овие корисници, со што се доаѓа до огромната бројка.

Cambridge Analytica понатаму ги користи овие информации за подобро креирање на политички кампањи, од кои најпозната е нивната поврзаност со Доналд Трамп.

ИЗВОР 2PC Mag
Претходна статијаЖешко од САД – завршници на хит-сериите, во понеделник на Pickbox
Следна статијаСендмен: Еден од најдобрите стрипови некогаш напишани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.