Screenshot 2015-05-27 19.18.36

Се работи за подобрување на функцијата на инстантни предлози при пребарување на мобилните телефони. Оваа функција е достапна одамна и сигурно го има подобрено корисничкиот искуство при пребарување на нешто на повеќето од нас.

Најновиот додаток е поврзан со случаевите кога се пребарува краток одговор на некое прашање, како на пример колку сантиметри има во еден инч. Доколку пребарувате на десктоп, уште додека го пишувате прашањето страната ќе го прикаже одговорот.

Меѓутоа ова не е баш исто изводливо на мобилните телефони, каде што екранот е помал, а страната на Google не може да се види поради тоа што е покриена од предлозите од пребарувањето.

Затоа, со новата функција, кратките одговори ќе бидат веднаш прикажувани како дел од предлозите. Тоа значи дека доколку пребарате колку сантиметри има во еден инч, додека уште го немате допишано прашањето, одговорот од 2,54 сантиметри ќе биде прикажан заедно со останатите предлози.

google_instant_mobile2.0

Функцијата постепено е пуштана на мобилната верзија од Google, како и мобилните апликации достапни на Android и iOS, па може за некои корисници, посебно од нашата земја, ќе помине време додека истата ја добие.

Извор: The Verge, TNW

Фото: The Verge

Претходна статијаMicrosoft патент за спречување љубопитни погледи од страна врз вашиот екран
Следна статијаGoogle патентираше концепт за „паметни играчки“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.