google-earthquake

Скопје, како што сите знаеме, е трусно подрачје, па секое чувствување и на барем мал земјотрес резултира со пребарување на страните кои нудат брзи информации, но и следење на социјалните мрежи кои веднаш се полнат со коментари.

Google оваа недела воведе нова функција која значително ќе го олесни барањето на информации во случај на земјотрес, па веќе нема да треба да ги разгледуваме повеќе страни кои се прикажани во резултатите од пребарувањето.

Google, како за многу други работи, при пребарувањето на „earthquake“, „earthquakes near me“ и слично, ќе прикаже картичка со повеќе информации за последниот земјотрес.

Картичката ќе прикажува информации како големината на земјотресот, мапа на која што ќе може да се види каде е почувствуван земјотресот, како и совети што да се прави доколку се работи за земјотрес со поголеми последици.

На мапата ќе може да се видат и информации кои ќе покажуваат каде е епицентарот на земјотресот, како и неодамнешните земјотреси во околината, па корисниците ќе знаат што може да очекуваат.

Извор: Google

Претходна статијаDell претстави 70 инчен екран на допир кој треба да ги замени белите табли во училиштата и компаниите
Следна статијаКако да ги исклучите известувањата за “Live Videos” на Facebook?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.