google-gmail-drive

Со најновата серија на промени на Gmail сервисот, Google воведе функција која што го интегрира Google Drive сервисот со Gmail. Тоа значи дека сега сите работи поврзани со прикачени фајлови во email пораките, можете да ги правите преку Drive, наместо преку вашиот локален диск што го имате на компјутерот. Поточно оваа интеграција донесува 2 можности.

  1. Симнување на прикачени фајлови директно во вашиот Google Drive

Кога ќе добиете порака во која што е прикачен одреден фајл, покрај стандардната можност да го зачувате фајлот на вашиот компјутер, сега имате можност истиот да го зачувате директно во некоја од папките во вашиот Google Drive. Новата функција можете да ја познаете по иконата од Drive која се појавува до прикачените фајлови. Со притискање на истата избирате каде во вашиот Drive сакате да биде зачуван прикачениот фајл.

Attachments

  1. Испраќање на фајлови од Google Drive директно од Gmail

Кога сакате да испратите фајл кој се наоѓа во вашиот Google Drive, наместо користење на функцијата за споделување (share), сега можете да го испратите директно од Gmail. Кога ќе притиснете на копчето за креирање на нова порака, сега во делот за прикачување на фајлови ја има иконата од Drive, па со нејзино притискање можете директно да изберете фајл. Исто така доколку фајлот што сакате да го испратите се наоѓа на вашиот компјутер, можете прво да го ставите на Drive, па тогаш да го испратите. Со прикачување на фајлот давате право на пристап до истиот на вашиот Drive исто како кога ја користите Share функцијата.

gmail-att-drive

Овие функции се достапни само преку веб верзијата на Gmail, односно не можете да ги користите преку некои од апликациите кои имаат Gmail поддршка.

Претходна статијаПребарување со „OK Google“ преку Chrome
Следна статијаНови вградени мапи од Google Maps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.