Facebook

Оваа новина од Facebook се очекуваше веќе одреден период, па дури и излезе неофицијално како најава на неколку дена пред од компанијата и официјално да ја претстават.

Друштвената мрежа која веќе е голем фактор кога се во прашање вестите, поради огромниот број на корисници кои ги добиваат своите информации преку следење на страни на Facebook, сега посериозно влегува на пазарот за информации.

Facebook News е новиот, да го наречеме, дел од друштвената мрежа кој ќе биде специјализиран за информирање на корисниците. На овој дел може слободно да се гледа како на Watch, Groups и слично, што значи ќе биде дел од друштвената мрежа, а до него ќе се пристапува преку посебен таб којшто ќе биде достапен како копче на мобилната апликација, на нејзината горна лента, односно на десната лента на десктоп. Со оглед на тоа што десктоп верзијата ќе добие нов изглед, ова нема многу да се разликува тогаш од мобилната верзија.

Делот News е замислен да биде независен од листата на новости преку која корисници и сега ги добиваат своите вести, а посебно доколку следат голем број на страни за вести. Листата со новости ќе си остане иста, а корисниците ќе продолжат да ги гледаат објавите со вести како и досега.

Facebook News ќе има статии од новинари и издавачи кои се посебно избрани од Facebook. Издавачите ќе можат да се пријавуваат да бидат дел од таканаречениот „News Page Index“, но за тоа ќе треба да задоволат одредени услови поставени од Facebook, меѓу кои веродостојноста на информациите кои ги објавуваат.

Што се однесува до информациите кои ќе им бидат достапни на корисниците, тие повторно ќе зависат од алгоритамот на компанијата, односно ќе им бидат прикажувани теми врз основа на тоа што корисниците го лајкуваат, го споделуваат со другите и на кое коментираат.

Разликата овој пат ќе биде тоа што Facebook News ќе се обидува на корисниците врз основа на овие информации, да им предложува што повеќе извори со цел да дојдат до темите кои ги интересираат.

Исто така, посебен дел наречен „Today’s Stories“ ќе биде креиран од страна на тим од новинари од Facebook, што значи дека од компанијата ќе се обидат да направат комбинација од алгоритамот и вистински новинари со цел да се прикаже најдобриот извор на информации што може.

Како дел од Facebook News ќе бидат и вести поделени според нивната тематика, со што на корисниците ќе им се овозможи добар начин за откривање на тоа што ги интересира, но и подобра организираност.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаВтора конференција за е-трговија: Се забележува континуиран раст на е-трговијата
Следна статијаМАСИТ ја најавува својата 16та конференција, која оваа година ја носи темата – DATA AS AN ASSET
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.