facebook autoplay video

Facebook планира да започне со тестирање на функција која автоматски ќе ги пушта видеата додека ги разгледувате најновите постови преку мобилната апликација. Додека ги прелистувате новостите видеата веќе ќе бидат пуштени и ќе можете без кликање брзо да видите за какво видео се работи. Видеото кое автоматски е пуштено нема да има звук, за да не ви смета во прелистувањето на новостите, па доколку сакате да го слушнете и звукот и изгледате целото видео, ќе треба да кликнете на истото. Оваа функција ќе се користи за видеа прикачени од обични корисници, бендови и музичари, но страните на брендови нема да може да ја користат за промовирање. Исто така видеа кои не се прикачени од корисниците директно на Facebook, како YouTube видеа, нема автоматски да бидат пуштени. Оваа функција се смета како вовед во планираното воведување на видео реклами на Facebook.

Доколку официјално биде пуштена оваа фукнција, се јавува проблемот со интернет сообраќајот, посебно за корисниците на мобилен интернет кои немаат неограничен сообраќај.

Претходна статијаОфицијална верзија на Songza за Windows Phone 8
Следна статијаКина ќе ја тргне забраната за одредени сајтови во слободната трговска зона во Шангај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.