Корисниците на Facebook веќе имаат можност да креираат еден вид на продавница за нивните производи, но што е подобро од официјално решение од самата компанија. Со новото решение од Facebook, корисниците ќе добијат нов дел на нивните Facebook страни, специјално наменети за нивните производи.

Facebook Shops е името на новата функција на оваа мрежа, а ќе им биде достапна и на корисниците на Instagram. Преку Facebook Shops сопствениците на страните имаат можност да ја дизајнираат својата онлајн продавница и да ги презентираат сите свои производи на повеќе начини.

Сепак, продажбата онлајн ќе може да се одвива само за компаниите кои имаат пристап до „checkout“ функцијата на Facebook за директна продажба преку мрежата, а тоа во главно го имаат компаниите од САД.

За останатите, креирањето на продавница за производите ќе претставува само уште еден начин да дојдат до своите потрошувачи, а продажбата ќе се врши преку нивните онлајн продавници на нивните веб страни.

Без разлика дали ќе може да се направи продажба онлајн, сепак ова е одличен начин, нешто што доста страни веќе го користат со други решенија, за презентација на нивните производи, нешто што ја олеснува продажбата за корисниците кога ќе дојдат во нивната продавница.

Со оглед на тоа дека се работи за Facebook, корисниците ќе можат да комуницираат со продавачите преку Messenger, а од Facebook најавуваат дека ќе може да се купат производи и директно од оваа апликација.

За иднина од Facebook најавуваат дека продавачите ќе можат да ги поврзат своите програми за лојалност директно на Facebook Shops, а исто така ќе може да се додаваат производи со линк за купување за време на видео во живо.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаА1 Македонија со нова припејд понуда
Следна статијаWindows 10 добива официјален Windows Package Manager
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.