Facebooks-headquarters

Facebook веќе одреден период е под истрага од неколку европски земји меѓу кои Германија, Франција, Холандија и други поради нарушување на приватноста на корисниците. Проблемите на американските компании со и во ЕУ веќе стануваат нормална вест, после познатите со Google и порано со Microsoft.

Во овој случај Facebook се жали на неунифицираноста на европската регулатива поради која што мора да се прилагодува на повеќе земји иако тие се дел од една унија. Претставништвото на компанијата за Европа се наоѓа во Ирска, каде што веќе подлежат на одредена регулатива.

Richard Allan од претставништвото на Facebook во Ирска, истакнува дека ваквата поделеност на регулативата на која што компанијата треба да се прилагоди ќе придонесе до повисоки трошоци за работа, а со тоа побавно донесување или воопшто на нови функции за европските корисници.

Од ЕУ сепак се најавува унифицирање на дигиталниот пазар и регулативите кои што ќе бидат поставени до 2020, меѓутоа до тогаш има доста време, а и тоа не значи дека американските компании повторно нема да имаат проблем.

Извор: The Verge, WSJ, TNW

Претходна статијаCyanogen го потврди крајот на соработката со OnePlus
Следна статијаHuawei Honor 4C: 5 инчен HD екран и OctaCore процесор за само 130 долари!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.