Фото: Shutterstock.com

После години на прилагодување и слободно може да се каже уништување на мрежата, во правец на конкурентите како TikTok, Facebook конечно ќе почне да се враќа на своите оригинални принципи. 

Во основа тоа значи дека мрежата оваа година ќе претстави неколку новини кои ќе ја вратат на почетоците кога истата се користеше за поврзување на корисниците, односно пријателите, роднините и слично. 

Првата промена која ја претставија од Meta е целосен редизајн на делот за пријателите, односно „Friends“ делот кој сега во главно се користи за гледање на добиените покани за пријателство и предлози за нови пријатели. 

Овој дел сега ќе функционира како целосно посебна листа со новости, а очекувано, наменета само за објавите од пријателите. Корисниците преку делот за пријатели ќе можат да ги гледаат објавите од пријателите, нивните „приказни“, reels видеа, родендени, како и покани за пријателство. 

Овој дел за повеќето корисници веќе е поставен на долната, односно главната лента од апликацијата, а доколку тоа не е случајот, тоа може да се направи преку „Tab bar“ делот во Settings. 

Иако од компанијата планираат да се вратат делумно на нивните оригинални принципи, сепак фактот што ќе мора да се отвори овој посебен дел за да се гледаат објавите од пријателите значи дека сепак мрежата ќе остане во главно со сегашниот стил на работа, а тоа е константна препорака на нова содржина. 

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Meta
Претходна статијаПријавувањето завршува на 9 април: Последна шанса за учество на Авицена Женска Трка 2025
Следна статијаMicrosoft Edge за бизнисите добива подобра заштита при користење на сопствени уреди од страна на вработените
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.