Facebook

Facebook од оваа недела официјално почна да ги означува страните од медиумите кои се контролирани од државата, според проценките на компанијата. Овие страни нема да бидат блокирани или нешто слично, само кога корисниците разгледуваат информации за нив, ќе стои и дека се „под влијание на државата“.

Од компанијата истакнуваат дека ознаката ќе стои на Facebook страната од медиумот, на листата со реклами, како и на делот за информации за страните на мрежата, односно „Transparency“ делот кој секој корисник може да го отвори за да дознае повеќе за таа страна.

До крајот на летото од компанијата планираат да ги ставаат овие ознаки и на рекламите од овие медиуми, почнувајќи со неколку медиуми, по што со тек на време ќе се додадат повеќе, истакнуваат од Facebook. Поради изборите кои во САД треба да се одржат оваа година, рекламите кои ќе бидат означени, ќе бидат и блокирани во оваа земја.

Меѓу првите медиуми чии страни на Facebook се означени како „контролирани од државата“ се страните на Xinhua News од Кина, како и Sputnik од Русија. Ознаката ја истакнува следната порака:

„Руски контролиран-од-државата медиум. Овој издавач е делумно или целосно под уредничка контрола на државата. Ова е заклучено врз основа на низа на фактори, вклучувајќи ги и, но не ограничувајќи се само на, финансирање, структура и новинарски стандарди.“

Од Facebook истакнуваат повеќе фактори врз основа на кои заклучуваат дека некој медиум е под контрола на државата, а дел од нив вклучуваат изјава на мисијата, мандатот или јавното информирање за тоа како медиумот ја дефинира и постигнува својата новинарска мисија, сопственичката структура, членови на одборот на директори, раководни позиции назначени од владата, транспарентност за своите извори, извори на финансирање и слично.

При проценката на медиумите од компанијата ја зимаат во предвид и состојбата со новинарството и слободата во конкретната земја.

Медиумите исто така може да поднесат жалба на одлуката да бидат означени, а за тоа ќе треба да поднесат докази дека ознаката не треба да се однесува на нив.

Оваа одлука од Facebook доаѓа само неколку денови од случувањата околу проверката на објавите на друштвените мрежи, нешто што Twitter почна да го прави, вклучувајќи го и Доналд Трамп, а Facebook одлучи да не навлегува во такви активности.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаОд вечерва во 21 часот започнува тридневниот полициски час во делови од државата
Следна статијаСите Facebook корисници сега можат да ги префрлат своите слики и видеа на Google Photos
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.