IMG_0017

Tor сервисот, сигурно познат не голем дел од вас, е комбинација од софтвер и јавна мрежа кои што ја имаат основната цел да го направат вашето сурфање на интернет анонимно. Тоа значи дека стандардните информации кои што обично ги оставате сакале или не, како што се вашата IP адреса, интернет прелистувач, оперативен систем, компјутерски хардвер и повеќе, преку поврзување со Tor мрежата, нема да им бидат достапни на страните кои што ги посетувате. Tor тоа го постигнува преку користење на повеќе компјутери, обично на доброволно пријавени луѓе, кои што ја пренасочуваат вашата комуникација помеѓу повеќе од нив додека на крај стигне до саканиот сервер, односно веб страна. Ниту еден од компјутерите вклучени во комуникацијата ги немаат вашите целосни информации, па соодветно на тоа крајниот сервер ги нема истите.

Овој начин на отворање на веб страните често знае да создаде проблем при отворање на нив, како што тоа е случајот со Facebook. Како што објаснуваат од компанијата, начинот на кој што корисникот се поврзува на неговата сметка, безбедносните системи ја означуваат комуникацијата како малициозна, па страната никогаш не се отвора како што би се отворила за обичните корисници.

Tor мрежата во главно е наменета за користење од страна на луѓе кои што е важно да ја заштитат својата приватност, како што се новинарите и слично, а исто така и за поврзување до одредени сервиси од земји каде што тие се блокирани, како што е случајот со Кина.

Facebook денеска најави дека има пуштено посебна страна (https://facebookcorewwwi.onion/) наменета токму за корисниците на Tor. Корисниците наместо на стандардната адреса, доколку сакаат да се поврзат на Facebook мрежата треба да ја користат новата, преку која што им се овозможува директен пристап до сервисот. Оваа комуникација е исто така енкриптирана, нешто што е случај веќе одреден период за сите други корисници, а од Facebook имаат издадено и SSL сертификат. Корисниците на овој начин ќе можат да се поврзат на мрежата без стандардните проблеми со кои што се соочуваат досега.

Извор: Facebook, The Verge, VB

Претходна статијаMicrosoft претстави нова верзија од Outlook за Mac за корисниците на Office 365
Следна статијаДенеска завршува продажбата на Windows 7 на производителите на компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.