fb-messenger-icon

Сигурно имате забележано дека доколку притиснете и држите на лајк копчето, односно палец нагоре, во Messenger, тој ќе почне да се зголемува со што се добива можност да се испрати во поголема форма од стандардната.

Оваа можност Facebook ја проширува и за останатите емоџи икони, со што корисниците добиваат дополнителна можност за изразување уникатно за нив и ситуацијата.

Како што е случајот и со палецот, со држење на иконите тие ќе почнат да се зголемуваат, па при нивното пуштање ќе бидат испратени во големината до која биле зголемени во моментот.

Не се работи за некоја нова револуционерна функција, меѓутоа и ваквите промени влијаат на позитивното корисничко искуство кое овозможува овој сервис да има се повеќе корисници, поточно повеќе од 1 милијарда месечно.

Оваа нова можност е веднаш достапна на Messenger верзијата за iOS, а ќе биде достапна и на Android и Messenger.com во периодот што следи.

Извор: Facebook

Претходна статијаMicrosoft HoloLens достапен во „широка“ продажба
Следна статијаPokémon Go – револуција или деволуција?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.