Слика од Mashable

На F8 конференцијата која што се одржува оваа недела, Facebook го презентираше развојот на Messenger кој што ја прави оваа апликација целосна платформа која што нуди повеќе од само комуникација. Проширувањето на Messenger во платформа се состои од две клучни новини кои што стануваат дел од апликацијата.

Првата новина е отворање на апликацијата на трети страни кои што добиваат можност да развиваат апликации кои што ќе бидат дел од Messenger. За почеток достапни се ограничен број на апликации, меѓутоа програмерите можат да развиваат нови. Апликациите овозможуваат вклучување на видео, анимации, слики, gif слики и слични додатоци во разговорите.

2-expanded-composer-1

Пораките кои што имаат содржина од некој од апликациите ќе нудат можност за инсталирање на истата апликација и одговарање на пораката.

Втората новина е наречена Businesses on Messenger и им овозможува на корисниците комуникација со бизнисите директно од апликацијата. Оваа функција е замислена да функционира како замена за chat деловите кои што ги има на одредени веб страни.

messenger_business-1

Од Facebook го дадоа примерот со купување на одреден производ преку одредена страна, па продолжување на комуникацијата преку Messenger за промена на истата или следење на времето на достава и слично.

Извор: Facebook, The Verge

Претходна статијаApple патентираше тастатура на допир со механички фидбек
Следна статијаТретото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој Април
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.