fb-messenger-icon

Facebook Messenger ќе почне да прикажува повеќе информации во пораките од луѓе со кои што првпат контактирате. Тоа во главно е наменето за пораките од луѓе кои што ги немате на вашата листа на пријатели, меѓутоа ќе функционира и за пријателите со кои што немате контактирано.

За почеток оваа нова функција ќе биде достапна за корисниците од САД, Британија, Франција и Индија, по што би требало во иднина да стане достапна и за остатокот од светот. Функцијата ќе биде достапна за iOS и Android платформите.

Информациите ќе се прикажуваат под сликата и името на личноста која што ви има испратено порака. Тие ќе бидат составени од информации кои што се веќе јавни, односно нема да ја нарушува приватноста на корисниците. Информациите кои што ќе бидат прикажувани ќе бидат градот во кој што живее контактот, како и каде работи.

facebook-chat-id

Ова треба да им помогне на корисниците да се потсетат дали го познаваат контактот кој што им пишал порака, како и подобро да ги потсети за кој се работи доколку сепак го познаваат.

Функцијата треба да биде наречена Chat ID и се става во истата група со Hello апликацијата која што беше претставена пред некое време, а е замена за вградениот Android Dialer. Двете функции овозможуваат прикажување на повеќе информации за личноста која што ве контактира од огромната база на податоци која што ја поседува Facebook.

Извор: TechCrunch, Mashable

Претходна статијаOppo конечно ги претстави R7 и R7 Plus
Следна статија“Како да влезете во Силиконската Долина?“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.