fb-messenger

Корисниците на Facebook имаат две можности кога се работи за испраќањето на пораки преку мобилните уреди. Може да ја користат Facebook апликацијата, веќе одамна достапна и меѓу најкористените или да ја користат Facebook Messenger апликацијата направена со една функција, а тоа е испраќањето на пораки. Голем број на корисници ги користат и двете апликации, нешто што од Facebook сакаат сите да почнат да го прават.

Во наредните неколку месеци, Facebook планираат постепено да ја исклучат можноста за праќање на пораки од нивната главна апликација, а корисниците ќе мора да ја користат Facebook Messenger апликацијата. Тоа значи дека делот од главната апликација во кој што беа прикажувани пријателите, како и можноста да започнете разговор од неа, ќе бидат тргнати и останато ќе биде само копчето кое што ќе ја стартува Messenger апликацијата.

Оваа промена ќе важи за корисниците на Android и iOS уредите, но според сегашните информации истата нема да важи за корисниците на Windows Phone уредите, како и за таблет компјутерите на Android. Корисниците на постари Android уреди, кои што доаѓаат со помала RAM меморија исто така нема да мораат да ја инсталираат Messenger апликацијата.

Оваа одлука сигурно ќе наиде на негативни реакции од корисниците, па без разлика на аргументите, тргањето на избор е секогаш работа која што треба да се разгледа, а посебно кога корисниците биле навикнати на тоа. Сепак од Facebook објаснуваат дека со издвојувањето на посебните функции во различни апликации донесува за нивно подобро и побрзо работење. Исто така според нивните истражувања корисниците кои што ја користат Messenger апликацијата многу побрзо ги добиваат одговорите на своите пораки.

Што мислите за оваа одлука од Facebook ? Дали веќе повеќето од вас ја користат Messenger апликацијата ?

Претходна статијаWowhoo безжичен полнач за мобилни телефони
Следна статијаDropbox ја претстави Mailbox за Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.