Системот за препознавање на лицето кој Facebook веќе одамна го развива и користи, сега ќе биде ставен во употреба за дополнителни можности за корисниците. Овој систем сигурно сите го имате забележано кога објавувате слики на мрежата и добивате предлози кого да го означите, со голема точност.

Сега, овој систем ќе се користи за известување на корисниците доколку ги има на некоја слика, дури и кога никој нема да ги означи на таа слика. Тоа треба да овозможи подобра контрола над сликите кои се објавуваат на мрежата.

По добивањето на известувањето корисниците отвораат нов дел наречен Photo Review преку којшто можеме да ја видиме сликата и да потврдиме дали сме ние на неа или не. Потоа, како што истакнуваат од компанијата, можеме да одлучиме самите да се означиме, да не правиме ништо или да побараме од тој што ја објавил да ја тргне сликата.

Она што ја намалува контролата над тоа дали некаде на мрежата има слика од нас или не е фактот што известувањата ќе ги добиеме само од слики кои ние можеме да ги видиме. Тоа значи дека доколку сликата е објавена од страна на некој којшто не дозволува да ги гледаме нивните објави, ние сепак нема да бидеме известени за тоа.

Една ситуација во која секогаш ќе бидеме известени е доколку не има на нечија профилна слика, без разлика дали со други лица или само нас.

Можноста за препознавање на лица е нешто што може да се исклучи, доколку сметате дека е нарушување на приватноста. Јас сепак би се запрашал дали исклучувањето на оваа можност, навистина не заштитува од тоа да нашето лице биде достапно во базата на Facebook.

Извор: Facebook, PCMag, TechCrunch

Претходна статија365 Challenge: Microsoft со предизвик за зголемување на продуктивноста во образованието
Следна статијаApple се огласи: iPhone станува побавен за да заштеди батерија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.