Facebook и Nokia без некои посебни најави почнаа соработка која што вклучува користење на HERE мапите од страна на Facebook. За почеток мапите се користат во веб верзијата од Facebook на мобилните, како и на Instagram и Messenger апликациите на Android.
Facebook досега ги користеше мапите од Bing, а зависно од оперативниот систем и апликацијата, и мапите од Apple и Google.
Информацијата за овој договор привлекува и нешто повеќе внимание поради тоа што од Nokia размислуваат за продажба на HERE мапите на некоја компанија. Официјални информации за тоа дали веќе се водат преговори за таа цел нема, па до сега можевме само да прочитаме неофицијални информации.
Според неофицијалните информации Nokia ги нуди HERE мапите на повеќе компании меѓу кои и Apple, Amazon, Alibaba, Baidu, како и некои германски компании од автомобилската индустрија.
Дали овој договор помеѓу двете компании значи дека Facebook е во игра за купување на HERE делот сега за сега не е познато. Исто така се поставува и прашањето што ќе се случи со овој договор доколку HERE бидат продадени на некоја друга компанија.
Одреден период од доста страни се шпекулираше дека Microsoft би биле најмногу заинтересирани да ги купат HERE мапите кои што веќе ги користи како основа за своите Bing мапи. Меѓутоа во информациите кои што до сега излегуваат, никаде не се споменува оваа компанија.
Извор: The Verge, TechCrunch