Компанијата Facebook ѝ ја претстави на јавноста мерната единица за време наречена Flick. Еден Flick практично изнесува 705.600.000-ти дел од секундата.

Она што ја натера популарната социјална мрежа да се посвети на изумување мерни единици е од практична природа. Имено, се јавува потребата од прецизно и детално синхронизирање на фрејмови (слики) во видео записите.

За да се дојде до перфекцијата кон која Facebook цели, потребно е времето да се подели на т.н. Flick-ови. Според GitHub, еден Flick е најмалиот временски интервал кој е поголем од наносекунда. Мерната единица е дизајнирана за да ја мери должината на појавување на одреден фрејм (слика) во одреден видео запис. Ваквиот начин на мерење на времето ќе овозможи полесен увид при синхронизација на т.н. фрејмови на сите фреквенции без користење децимали.

До сега, за оваа намена се користеа наносекунди, меѓутоа истите не се покажаа како особено практични. Токму од таму дојде идеата за создавање нова мерна единица, која за прв пат ја спомена Кристијан Хорват уште минатата година. Како ова ќе се покажат во пракса, останува да видиме.

Извори: The Verge, Futurism

Претходна статијаПромени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години
Следна статијаFacebook ќе се менува во согласност со новите закони на ЕУ